Претставен најголемиот дрон на светот кој во лет може да испука ракети

Претставен најголемиот дрон на светот кој во лет може да испука ракети

Дронот е висок 5,4 метри, распонот на крилјата е 18,2 метри и должината 24,3 метри. Поради овие димензии, се смета за најголемо беспилотно летало во светот.

SpaceX доби сериозна конкуренција во освојувањето на вселената затоа што американскиот стартап “Aevum” го претстави својот проект за беспилотно летало, дизајниран да лансира ракети во лет кои потоа испраќаат мали сателити во орбитата на Земјата.

Проектот е наречен “Ravn X Autonomous Launch Vehicle”, и е првиот кој нема да има потреба од лансирна рампа за испраќање опрема во вселената. Презентацијата на проектот на каналот на Youtube на компанијата “Aevum” ја одржа нејзиниот шеф Џеј Скајлус, пренесува Зимо.

Ravn X е дизајнирано да испраќа сателити во вселената на секои 180 минути, што е многу почесто од која било моментално достапна опција на пазарот, вклучувајќи ги и SpaceX.

Обликот на Ravn X наликува на обичен авион и всушност ќе лета како него, од вообичаената писта и без потреба од скапа инфраструктура за лансирна рампа и придружни објекти.

Ravn X е долг 24,3 метри и распонот на крилјата е 18,3 метри, а висината е 5,4 метри. Тешко е 25 тони и кога ќе се соберат сите тие статистички податоци, Ravn X е всушност најголемиот дрон направен досега.

Скајлус објасни дека кога Ravn X ќе достигне место и соодветна надморска височина, испушта ракета што всушност носи товар до 100 килограми во ниската орбита околу Земјата. Откако товарот ќе биде доставен, дронот се враќа на Земјата и оди во хангарот. Што е најважно, се што е наведено погоре, дронот треба да ги направи автоматски и автономно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.