Пржен мариниран ослиќ

Состојки
500 гр риба ослиќ
Маринада
2 лажици масло
1 лажичка сол
2 гранчиња рузмарин
1 лажица мешан зачин
1 чешне лук
100 мл бело вино
брашно и масло за пржење

Ослиќот и не ми е баш омилена риба, меѓутоа подготвен на овој начин со маринада е превкусен и често почна да го има на мојата трпеза.
Парчињата ослиќ се сечат на мали парчиња и се ставаат во тава.
За маринадата се мешаат сите состојки (лукчето треба да е ситно сецкано) и со тоа се полеаваат парчињата риба и убаво се тријат. Вака мариниран ослиќот се остава да стои најмалку два часа или преку ноќ како кај мене.
Рибата се пржи на стандарден начин на загреано масло претходно намакана во брашно.
Пржениот ослиќ јас го послужив со прилог од компир со рузмарин
Сервирајте топло!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.