четврток, 12 ноември 2026
Најново

Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

Поврзани вести