Приведени тројца бугарски државјани, осомничени за кражба на македонски народни носии

На 09.12.2025 година во 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од СВР Демир Хисар ги приведоа А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50), сите од Република Бугарија, поради сомнение дека сториле кривични дела „кражба“ по член 235 и „извоз на стоки под привремена заштита или културно наследство или природни реткости во странство“ по член 266 од Кривичниот законик.

А.К. и К.К. биле пронајдени во патничко возило „Фолксваген Голф“ со бугарски национални регистарски ознаки, додека В.Г. бил пронајден во комбе „Пежо Боксер“ со бугарски национални регистарски ознаки, а кај нив биле пронајдени предмети и делови од народни носии, чие потекло не можело да се утврди.

Предметите биле прегледани од етнолог од Манастирскиот музеј и било утврдено дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се забранети со трговија или продажба без нивна дозвола.
The post Приведени тројца бугарски државјани, осомничени за кражба на македонски народни носии appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: