Приведено е лицето кое вчера ја нападна Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.
Според снимките кои се појавија во јавноста, лицето поминува покрај амбасадата и со еден удар го крши стаклото на влезната врата, по што мирно си заминува од местото на настанот.
Според информациите на Инфомакс истиот е приведен предмалку, а се работи за бездомно лице.
Од МВР потврдија дека лицето е пронајдено и приведено.
– Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. – велат од МВР.



