Приведен криумчар на мигранти во Гевгелија, пронајдени осум лица од Сирија
Денеска (10.02.2024) во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија. При контрола на возило “фиат” што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.