Четириесет и едногодишен Турчин бил приведен вчера на скопскиот аеродром.
„Вчера во 13.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле С.С.(41) од Р.Турција поради тоа што при извршена контрола констатирано било дека го пречекорил дозволениот престој во државата“, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.