Признание на напаѓачите на „Крокус сити хол“: „Тргнавме во Киев по награда…“

Обвинетите во случајот за терористичкиот напад во „Крокус сити хол“, на сослушувањето признале дека после нападот имале намера да одат во Киев по награда, соопштил Истражниот комитет на Русија.

„Обвинетите за терористичкиот напад при првобитното давање искази во текот на дополнителните испитувања и другите истражни работи во кои учествувале, соопштиле дека нивните акции, како во фаза на подготовка така и после вооружениот напад во „Крокус сити хол“, преку „Телеграм“ со гласовни пораки ги координирал маж којшто им се претставил под псевдоним“, се наведува во соопштението, пренесува српски „Новости“.

Како што додаваат, според инструкциите на координаторот, терористите после направеното злосторство со „автомобил тргнале во правец на руско-украинската граница со намера да ја преминат и да стигнат во Киев за да ја добијат ветената награда“.

„Истрагата продолжува да спроведува низа истражни дела и оперативни мери со цел да ја провери умешноста на претставник на украинските разузнавачки служби во организација и финансирање на терористичкиот напад“, наведуваат од Истражниот комитет на Русија.

Во нападот на посетителите на концертот во Москва којшто се случил на 22 март починале 143 лица.

Федералната безбедност на Русија соопштила дека во близина на руско-украинската граница приведени биле 11 лица, вклучувајќи и четворица терористи.

Терористите кои крвавото злосторство го направиле за само 18 минути, биле пресретнати во Брјанската област на помалку од 100 километри од руско-украинската граница, додека со бело „рено“ се обидувале да побегнат во Украина. Судот во Москва им одредил притвор до 22 мај.

Тие се обвинети за тероризам и ја признале вината, а за тоа дело им се заканува доживотна робија.

Инаку, Украина е единствената земја која не го осудила терористичкиот напад на „Крокус сити хол“, а експертите оценија дека тоа ја покажува злосторничката природа на актуелниот режим на Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи: