Деби од Кливленд веднаш по раѓањето на нејзниот син, Тарнер Монтгомери дознала дека страда од сериозна и неизлечива болест, но меѓутоа немала поим како ќе и се промени животот кога тоа ќе му го соопшти на нејзиниот син.
Докторите веднаш и дијагностицирале dermatomyositis, автоимуна болест која влијае на кожата и коските, и на крајот ги уништува мускулите на телото.
Тогаш ѝ рекле дека симптомите ќе бидат полоши и полоши со текот на времето, и дека во еден момент, таа ќе остане парализирана.
Деби почнала да губи тежина, и од месец до месец, секоја година станувала се послаба. Сепак, таа никогаш не им кажала на своите деца што се случува со неа и што ќе се случи.
„До мојата 15-та година, не ни замислував дека мајка ми ќе заврши во инвалидска количка, а и дека тоа е неизбежно, бидејќи сите луѓе кои страдаат од оваа дијагноза до 40 години се парализирани”, вели Тарнер.
Деби чекала децата да бидат доволно зрели и возрасни за да им ги соопшти овие ужасни вести. Таа одлучила дека тоа ќе биде кога Тарнер, како најмлад, ќе наполни15 години.
Ова му го променило целиот живот и ја одредило неговата идна кариера.
Наскоро дипломирал на колеџ и специјализирал во биоинженеринг, а го запишал тоа за да и помогне на мајка си. И се покажа дека дошол до неверојатно откритие – неговата мајка била дијагностицирана со сосема погрешна болест.
„Прво беше невозможно за мене, јас да ги поправам лекарите кои имаат децениската кариера. Од друга страна, јас сум нејзиниот син, јас сум оној кој ја поминаа ноќта удирајќи си ја главата за нејзината медицинска состојба и јас сум оној кој го поминува целиот ден со неа. Нема лекар кој ја познава подобро од мене, зошто јас да не сум тој кој ќе ја увиди грешката?”, се прашува Тарнер.
Се покажало дека Деби била погрешно третирана со години, и дека всушност страдала од еден вид на мускулна дистрофија. Лек сè уште не постои, но Тарнер успеал да ја направи првата верзија на уредот што го мери напонот што го испраќа мозокот до мускулите. Во моментов, тоа е единствениот уред кој, покрај физикалната терапија, може да и помогне на неговата мајка.
Тарнер работи на подобрена верзија на апаратот, и со нетрпение очекува да им помогне не само на неговата мајка, туку и на сите луѓе кои страдаат од истата болест.