Приказна за шаховската табла

Една легенда ја поврзува шаховската табла со т.н. геометриски ред, чии својства будат восхит.

 Некогаш одамна си живеел еден цар по име Шерам кој сакал да го награди скромниот математичар Сеса за откритието на шаховската табла, па му рекол да бара што сака. Сеса рекол: „Сакам да ми дадете за првото поле на таблата 1 зрно жито, за второто поле – 2 зрна жито, за третото 4, за четвртото 8 и така за секое следно два пати повеќе зрна од претходното поле. “
Царот се изненадил и рекол: „Зарем само толку, па веднаш после ручекот ќе ја добиеш својата вреќа со жито. Но, царските математичари сметале два дена, за да на крајот пресметаат колку зрна жито требало да му се предадат на Сеса, а тој број изнесувал: 18 446 744 073 709 551 615.
 Царот се замислил бидејќи математичарите му соопштиле дека толку жито нема царството во залиха. По долго размислување царот го повикал Сеса и му рекол: Драг човеку јас не сакам да те излажам ни за едно зрно, па затоа ти својата награда ќе ја броиш заедно со моите слуги. Откако го слушнал тоа на Сеса му станало непријатно и почнал да се извинува дека има итна работа, дека сестра му на другиот крај од царството е пред пораѓање, а мажот и умрел, на што царот се насмевнал и му дал богата награда, за да го шири гласот по светот за милостивоста на царот Шерам“.Една легенда ја поврзува шаховската табла со т.н. геометриски ред, чии својства будат восхит.

Пронајдете не на следниве мрежи: