Ноќеска гореше семејното возило на Васе Никоска, Раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Општина Прилеп.

Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот.
Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска.
– Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме, изјави Никоска.
Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено.
Пронајдете не на следниве мрежи:


