Принцезата Кејт Мидлтон предупредува: Дигиталните уреди ги раздвојуваат членовите на семејството

Принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, Кејт, предупреди дека прекумерната употреба на паметни телефони и компјутери создава „епидемија на разделба“ што влијае на семејниот живот, објавија денес британските медиуми.– Иако дигиталните уреди треба да нè поврзат, тие често постигнуваат токму спротивното – напиша принцезата во есеј што го напиша во соработка со професор од Медицинскиот факултет Харвард, Роберт Валдингер, објави Би-Би-Си.Таа додаде дека паметните телефони и другите уреди постојано нè одвлекуваат вниманието и го расипуваат времето што семејството го поминува заедно.– Физички сме присутни, но ментално отсутни и не сме во можност целосно да се посветиме на комуникација со луѓето пред нас – напиша принцезата.Како што наведе таа, истражувањата ја покажуваат важноста на создавањето срдечни и здрави односи меѓу семејствата и луѓето, но социјалниот тренд оди во спротивна насока, така што има сè повеќе осамени и изолирани поединци, а членовите на семејството не си посветуваат соодветно внимание едни на други.Кејт предупреди дека овој проблем е особено акутен за денешните деца кои живеат во свет консумиран од дигиталната технологија. Во есеј објавен на веб-страницата на Центарот за рано детство на Кралската фондација, таа наведе дека децата треба да бидат охрабрени да развиваат социјални и емоционални вештини што ќе им помагаат во текот на целиот живот.Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, неодамна изјави дека ниту едно од нивните три деца не поседува паметен телефон.

Пронајдете не на следниве мрежи: