Принцот Алберт од Монако е позитивен на КОРОНА ВИРУСОТ!

Принцот Алберт од Монако e позитивен на коронавирусот, но неговото здравје не е причина за загриженост, соопшти неговата канцеларија денеска.

„Принцот Алберт продолжува да работи од канцеларијата во неговите приватни простории“, се вели во соопштението.
Од канцеларијата велат дека принцот Алберт е во постојан контакт со членовите на неговиот кабинет, владата и неговиот најблизок персонал.
Принцот Алберт, на 62-годишна возраст, е шеф на вековната куќа на Грималди и син на починатиот принц Рение III и актерката Грејс Кели.

Тој го презеде престолот во 2005 година и се ожени со поранешната национална шампионка во пливање од Јужна Африка, Шарлин Витсток во 2011 г.
Главниот преговарач на Европската унија за Брекзит, Мишел Барние, исто така, рече во четвртокот дека тестирал позитивно за коронавирусот.

Нови заразени денеска, на интерактивната мапа се појавија и Гостивар и Штип

Превенцијата е најважна: И младите можат лесно да се заразат од корона вирусот

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.