Принцот Вилијам денеска и’ го честиташе 43 роденден на својата поубава половина, нарекувајќи ја „најневеројатната сопруга и мајка“. Пораката што ја сподели на социјалните мрежи предизвика лавина реакции. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се вљубени исто како првиот ден.„На најневеројатната сопруга и мајка. Силата што ја покажа во текот на минатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден Кејт. Те сакаме,” напиша принцот на нивната заедничка сметка на Инстаграм. На роденденските честитки се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила, кои објавија сториња на Инстаграм и испратија топли зборови на заедничкиот профил на кралското семејство. Имено, кралот и кралицата споделија фотографија од Кејт од божиќната прослава во Сандригам, каде таа е во прекрасен темнозелен фустан со букет цвеќе. Тие накратко напишаа: „Среќен роденден на принцезата од Велс“.
Пронајдете не на следниве мрежи: