Хари ја шокираше јавноста со своите нови мемоари „Spare“, кои треба да бидат објавени подоцна овој месец.
Меѓу другото, тој напиша дека убил 25 талибанци додека се борел во Авганистан. Хари служеше како пилот на хеликоптер во Авганистан во 2012 и 2013 година, пишува BBC.
Сега открива дека учествувал во шест мисии, од кои сите имало смртни случаи, но ги сметал за оправдани. Како што изјави, „не беше статистика што го исполни со гордост, но исто така не го посрамоти“.
„Кога бев во жарот на битката, не мислев на тие 25 лица како за луѓе. Тоа беа шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци елиминирани пред да можат да ги убијат добрите момци“, напиша Хари.
Како што веќе напишавме, Хари во книгата изјавил дека неговиот постар брат принцот Вилијам физички го „нападнал“ за време на расправија во 2019 година.
38-годишниот Хари пишува дека за време на расправија во неговиот дом во Лондон, Вилијам ја нарекол Меган Маркл „тешка“ и „дрска“, пред да го собори Хари на земја додека тие продолжиле да се расправаат.