Хари го исмеваше брат му затоа што оќелавил, а сега тој брзо ја губи косата: Кога ја симна кацигата, можеше да се види вистинската состојба – генетиката го зеде под своја закрила

На новите фотографии снимени вчера во Канада, евидентно е дека принцот Хари забрзано ја губи косата. Во неговото семејство мажите се соочуваат со ќелавост на рана возраст, истиот проблем го погодил и неговиот брат Вилијам како и неговиот татко Чарлс III. Лекарите претходно предупредија дека помладиот син на кралот и принцезата Дијана може да ја изгуби целата коса во четириесеттите, а сега има 38 години.

Принцот Хари , кој се водеше со боб во Канада со брзина од 99 километри на час, страда од истата генетика кога станува збор за изгледот на неговата коса.

„Тој ја губи косата се побрзо и побрзо, ако не направи нешто наскоро, може да ја изгуби косата во четириесеттите, исто како неговиот брат Вилијам“, вели д-р Асим Шахмалак од Манчестер, кој е експерт за трансплантација на коса. Тој уште во 2018 година предупреди дека Хари изгубил двојно повеќе коса за една година.

Докторот додаде: „Иако неговата среќа во бракот не влијае на хормоните одговорни за опаѓање на косата, истражувањата покажуваат дека мажите кои се во стабилни врски престануваат да се грижат за ќелавоста. Хари не користи производи за згуснување на косата, ниту пак се фарба“.

Хари, кој во денешното интервју за ABC за првпат зборуваше за својот татко Чарлс откако на кралот му беше дијагностициран рак , еднаш го коментираше фактот дека неговиот брат станал ќелав на младоста, велејќи го следново: „Мислам дека дефинитивно е попаметен од мене, но почна уште кога бевме на училиште, исто како и неговата ќелавост“.

Некои сега коментираат дека го добил тоа за што се шегувал, но секако дека овој проблем нема врска со тоа, туку исклучиво со генетика.

Принцот Хари од средата престојува со својата сопруга Меган Маркл во Канада за да ги промовира игрите Invictus во 2025 година, кои тој ги спонзорира. Двојката беше во центарот на вниманието по скандалите околу новата веб-страница, титулите, кралскиот грб и одлуката да ги сменат презимињата на нивните деца Лилибет и Арчи, кои остануваат во Монтесито, Калифорнија.

Некои сметаа дека Меган и Хари избрале лошо време за вакви потези поради болеста на кралот, а неговото интервју направи позитивен развој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.