Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл повторно се главна тема на таблоидите. Веќе некое време се пишуваше дека сопружниците имаат криза во бракот и дека дури и се развеле.Нивниот молк за овие шпекулации уште повеќе ги подгреа озборувањата. Сепак, принцот реши да зборува на оваа тема: ,,Наводно сме ја купиле или смениле куќата 10, 12 пати. Исто така, наводно се разведувавме можеби 10, 12 пати. Па што е со тоа?“, рече тој на самитот организиран од Њујорк Тајмс.Тој додаде дека се навикнал на медиумското лудило, а и дека му е жал за хејтерите кои вложуваат време во неговиот брак.„Нивните надежи само се градат, а потоа тоа не се случува. Па, жал ми е за нив. Искрено“, рече тој.Тој се извини и на новинарот кој го интервјуираше, бидејќи смета дека и тој може да стане жртва на гнев по нивното интервју. Тој вели дека не се сомнева дека интервјуто ќе биде свртено против него, па затоа евентуално и против новинарот на Њујорк Тајмс со кој разговарал.„ Можам само да се извинам за тоа, но вие ме поканивте, па не сум јас виновен “, одговори на шега принцот.
Пронајдете не на следниве мрежи: