Припадници на српското МВР ќе преминат во косовската полиција?

Белград и Приштина за време на дијалогот постигнале договор еден дел од припадниците на српското МВР кои илегално делуваат на северот на Косово да преминат под команда на косовската полиција, пишува „Коха диторе“.Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на северот на Косово делуваат околу 500 вооружени припадници на МВР на србија, кои официјално се водат како вработени во службата во Краљево.„Припадниците на српското МВР кои илегално делуваат на северот на Косово ќе ги променат униформите, командниот синџир и ќе станат припадници на полицијата на Косово“, тврди „Коха диторе“, додавајќи дека тоа ќе се однесува само на оние кои се граѓани на Косово и немаат сторено некој злочин.На северот на Косово се наоѓа безбедносна структура која е добро организирана и по хиерархија е контролирана од Белград. Србија е прифатена да се откаже од оваа организација и очекуваме на наредниот состанок да се најде решение за нивно вклучување во командниот синџир на полицијата на Косово“, вели изворот.
МакфаксБелград и Приштина за време на дијалогот постигнале договор еден дел од припадниците на српското МВР кои илегалн

Пронајдете не на следниве мрежи: