Прекрасна маска за затегнување на лицето, која има моќ да „избрише“ 10 години
Маската е целосно природна, и ја затегнува кожата дури и подобро од ботоксот.
Потребни состојки:
-една белка од јајце,
-половина лажичка сок од лимон
-половина лажичка масло од кокос
Начин на подготовка:
Земете јајце со средна големина и одделете ја белката од жолчката. Изматете ги белките во сад. Потоа додадете го сокот од лимон и кокосово масло, и повторно изматете.
Нанесете ја маската на исчистеното лице и оставете ја да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, исплакнете ја со топла вода или со изладен чај од камилица.
За да се постигне оптимален резултат, доволно е да се примени оваа постапка двапати неделно.