Пристигнува најтоплото лето во историјата: Температурите ќе бидат пеколни, но еве зошто тоа се добри вести

Американските научници од Националната управа за океани и атмосфера “NOAA” објавија дека постои дури 75 отсто шанса 2020 година да биде најтоплата година на планетата Земја во историјата на мерење температура.
На ова укажува и податокот дека првите три месеци од годината биле потопли само во 2016 година кога беше забележан силен впечаток на феноменот наречен “Ел Нињо” кој со загревањето на Пацификот влијае на глобалниот температурен просек.
“Ел Нињо” оваа година не е толку силен, а февруари и март сепак биле најтопли во историјата, се наведува во истражувањето.
Научниците предупредуваат дека долгорочниот тренд на загревање е последица на емисија на гасови со ефект на стаклена градина поради согорувањето на фосилните горива и дека, дури и да не биде најтопла, 2020 речиси сигурно ќе биде помеѓу петте најтопли години некогаш.
Ова може да бидат и добри вести, ако го земеме предвид фактот дека прелиминарните резултати од експериментите спроведени во американската државна лабораторија покажуваат дека коронавирусот не може долго да преживее на високи температури и во сезони на висока влажност, како и дека брзо го уништува сончевата светлина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.