Триесетдневен притвор му е одреден на 26-годишен скопјанец, кој двапати се обидел да силува жени.
-Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при скопското СВР до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против М.С. (26) поради основано сомнение дека сторил кривични дела обид за силување и полово вознемирување, по што од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, информираат од МВР.
Од Министерството известуваат дека веднаш по добиени пријави од 49-годишна жена дека машко лице на 26 февруари оваа година се обидело да изврши обљуба врз неа на Средно Водно, како и од 28-годишна жена дека маж на 4 март 2023 година, се обидел да изврши обљуба врз неа, преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што М. С е приведен во полициска станица.
-Тој ги признал делата, по што со кривична пријава е предаден на ОЈО Скопје и надлежниот суд кој му одредил мерка притвор, соопшти полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.