Причини да ги вклучите житарките од цели зрна во вашата исхрана: Регулирајте го шеќерот во крвта и заштитете го срцето

Непреработените житарки се богати со антиоксиданси, есенцијални минерали и диетални влакна
Житариците се намирници кои треба да бидат вклучени во исхраната, особено оние со цели зрна.
Тие се богати со антиоксиданси, есенцијални минерали и диетални влакна. Јаглехидратите имаат најсилно влијание на шеќерот во крвта, но секако, не се сите исти.
Направена е студија која открива како житарките од цели зрна влијаат на шеќерот во крвта во споредба со преработените.
Прегледот, објавен во списанието „Food Science and Nutrition“, користел податоци од 48 статии за да го процени нивното влијание врз промените во нивото на гликоза и инсулин, пренесува „MBG“.
Тие откриле дека употребата на нерафинирани житарки е поврзана со „значително намалување“ на нивото на гликоза и инсулин. Истражувачите заклучија дека овесот, во споредба со мешаните житарки, со интегрален ориз и пченица, има најповолен ефект врз гликемискиот индекс, што е одлична вест за оние кои сакаат да го започнат денот со чинија овесна каша – без додаден шеќер, се разбира.
Објаснета е врската помеѓу непреработените житарки и шеќерот во крвта.
– Влакната во овие житарки ја забавуваат апсорпцијата на храната и како резултат на тоа го намалуваат зголемувањето на шеќерот во крвта и инсулинот после оброк – објасни диететичарката Елизабет Бохам.
Таа исто така нагласи дека овие житарки имаат помало гликемиско оптоварување кога се јадат во нерафинирана форма.
Поради влакната што ги содржат ваквите житарки, нашето тело побавно ги обработува, што значи дека единиците на гликоза постепено влегуваат во крвотокот. Покрај нивниот потенцијал да го поддржат здравото ниво на шеќер во крвта, те зрна се здрави и за срцето и поддржуваат стабилен и здрав метаболизам. Затоа, не треба да изненадува што нутриционистите ги препорачуваат како дел од здравата исхрана.
Покрај експлицитните здравствени придобивки, постојат многу разлики помеѓу интегралните и преработените житарки.
Некои од житариците кои треба да бидат во исхраната, но да се интегрални се овесот, киноата и неправедно запоставеното просо на нашите простори, кои се основа за здрави оброци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.