ПРИЧИНИ ЗА ПРЕКИНАТА КОМУНИКАЦИЈА СО БОГ

Дали понекогаш се чувствувате дека не сте во блиска комуникација и заедница со Бог, нашиот небесен Татко, дали се чувствувате оддалечено од Него. Во својата душа и во своето срце чувствувате длабок копнеж да бидете поврзани со Него, да можете да Му зборувате како на свој најдобар пријател. Бог, во Својата љубов и грижа кон нас, постојано чека на нас, да одовиме време за Него, да размислуваме за Него, да Му ги изнесеме нашите потреби во искрена молитва. Бог чека на нас да Му кажеме за нашите гревови и со Негова помош да се покаеме за нив. Тој е верен и Тој ќе ни помогне, ќе ни даде вистинско покајание и ќе ги избрише сите нашите гревови со крвта на Божјето Јагне, нашиот Спасител и Господ, Исус Христос.

Следува кратка листа на неколку работи за кои можете да станете повеќе свесни каде грешите и да ги поправите своите грешки, сѐ со цел да имате неизмерна и прекрасна комунијација и заедница со нашиот небесен Бог.

1. Лични недостатоци

Кој сум јас, Бог да комуницира со мене.

Ние сме достојни заради Христос, Бог да комуницира со нас. Тоа мислење за личната недостојност прави блокада – Бог да не може да комуницира со нас;

2. Влијанието на средината

Тоа е замка на сатаната, за да нѐ одвои од Бог и да немаме комуникација;

3. Не го предаваме своето срце на Бог

Имаме омилени гревови од кои не сакаме да се откажеме;

4. Поставување на услови

Чекај да ја завршам оваа или онаа работа, па потоа ќе комуницирам со Бог. Сатаната чека на тоа, за да не отргне од Бог.

Да не поставуваме услови на Бога.

Кога комуницирате со Бог секојдневно, вие чекорите со Бог како Енох. Живата комуникација со Бог е најважна за нас.

Да се молиме на Бог да ни се објавува секојдневно, на начин кој ние ќе можеме да го разбереме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.