Поранешниот командант на Косовски безбедносни сили (КБС), Кадри Кастрати, побара усвојување на закон за мобилизација во случај на влошување на глобалната безбедносна состојба или евентуална криза во Западен Балкан.
Според порталот „Економија онлајн“, Кастрати смета дека институциите во Приштина треба да донесат посебен закон со кој би се регулирала мобилизацијата и активирањето на резервните сили во вонредни околности. Според него, таквата законска рамка би била неопходна за побрз одговор доколку се влоши безбедносната состојба во регионот.
Тој изјави дека, поради сè понестабилните глобални околности, потребно е однапред да се подготват механизми што би овозможиле брзо ангажирање на персонал и ресурси.
Сепак, ваквите иницијативи наидоа и на критики. Некои аналитичари предупредуваат дека Приштина дополнително го милитаризирaт Косово и ги зголемува тензиите во веќе чувствителниот регион на Западен Балкан. Тие истакнуваат дека таканаречените Косовски безбедносни сили, според постојните договори, не треба да станат полноправна армија, додека во последните години се работи на нивно зајакнување и трансформација.
Критичарите, исто така, истакнуваат дека ваквите пораки би можеле дополнително да ја влошат политичката и безбедносната ситуација, особено со оглед на нерешените односи меѓу Белград и Приштина. Според нивните проценки, секој чекор кон формирање посериозни воени капацитети во рамките на, како што велат, лажната држава Косово, претставува потенцијален извор на нови тензии во регионот.
The post Приштина подготвува мобилизација: Дали се подготвуваат за „криза на Западен Балкан“? appeared first on Во Центар.



