Пријател на Копиц изнесе шокантни детали и можеби ја откри причината за невиденото злосторство

Граѓанин на Виена, близок на 56-годишниот австриски државјанин Харолд Копиц кој на монструозен начин ги уби своите три малолетни деца во Загреб, изнесе шокантни детали од двојниот живот на својот пријател кој го покажал монструозното лица. Тој изјавил дека Копиц бил опседнат со помислата дека тој не е биолошкиот татко на децата, пишува австриски таблоид Хојт.
Во објава пред да го стори грозоморното злосторство на својот фејсбук-профил Австриецот се жалел како неговите браќа од масонската ложа не сакале да му помогнат да ги надмине своите фансиски проблеми.
-Немаше пари – изјавил изворот според кој Копиц бил во големи проблеми.
Во масонските кругови поради обвинувањата од Копиц се во неверица. Портпаролот на Светската масонска организација изјавил дека Копиц лично не го познавал и не може да го идентификува како еден од браќата.


-Не знам што очекувал и зошто воопшто им се придружил на масоните, ако тоа воопшто е вистина. Масоните меѓусебе се помагаат само легално. Од друга страна ништа не го опрвдува убиството кое го сторил, тоа не е одговара на масонската филозофија. Масоните се оградуваат од извршителот на злоделото.
Според изворот на австрискиот Хојт, Копиц честопати во Виена го посетувал „црвениот кварт“ и земал дрога. Неговиот пријател изјавил дека Копиц изгледал како да е во депресија. Неколку пати му нагласувал дека е сигурен оти не е биолошки татко на седумгодишните близнаци девојќе и момче и четиригодишно машко дете.
-Во изминатите две години редовно и континуирано го омаловажуваше своето семејство – изјавил неговиот пријател за Хојт.
Убиецот сега се наоѓа на интензивна нега во добра состојба и е под полициски надзор во болница Сестри на милосрдието во Загреб. Полицијата истражува дали бил под влијание на психоактивни супстанци во моментот на предизвиканиот злочин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.