Рано утрово во 02:53 часот е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информираат од Министерство за одбрана.
– Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи“, се вели во соопштението. Воена полиција, МВР и Јавен обвинител излегле на местото на настанот.
Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот, информираат од министерството за одбрана.
При обид за насилно влегување во касарната “Гоце Делчев“ во Скопје, рането едно лице


