При судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина запалено американското знаме

Доцна синоќа по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта грчката полиција се судри со групи маскирани лица во Атина, пренесуваат грчките медиуми. Во маршот учествуваа и министри и пратеници од „Сириза“.
Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски екипи возвратија со солзавец, шок бомби и водени топови.
Масовниот протест од Политехничкиот факултет до Амбасадата на САД заврши мирно, по што следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде се наоѓа Политехничкиот факултет. Во нередите кои траеа речиси 4 часа беа уапсени 19 лица,  неофицијално повредени двајца полицајци, а демонстранти го запалија американското знаме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.