Пробиена заштитната ограда пред Собранието од порадикалните учесници

Повиците постојано беа дека нема да се попушти што додаде сила кај дел од помладите учесници.

Ова се случи токму кога говореше Весна Петрушевска Бејби. И таа не успеа да си го доврши говорот.

На бината се изредија повеќе говорници, главно непознати на јавноста. Се добива впечаток дека тоа беше обид да се одржи тензијата во протестите.

Се бараше оставка, се пцуеше мајката на Заев. Некои бараа потекло на имот на политичарите. Некои спомнуваа Гугл и пребарувањата итн.

Најнакрај група маскирани протестанти, слично на навивачка група ја сруши заштитната ограда и со разни предмети фрлаше кон Собранието и полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: