Проблеми во владината коалиција: Висок функционер од ВЛЕН во МВР поднесе оставка имал недостаток на комуникација со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ

Пред неколку часа, Нусрет Синани, кој ја извршуваше функцијата помошник директор на Униформираната полиција, поднесе оставка. Според блиски извори, главна причина за ваквата одлука е непочитувањето од директорот на Бирото за јавна безбедност, како и немањето простор за извршување на работните обврски, поради неможноста заменик министерот кој е од ВРЕДИ да му ги обезбеди потребните поддршка, пренесува Порталикс.

Синани, кој неколкупати беше предупредуван за ваквата состојба, изрази незадоволство од недостигот на комуникација и институционална соработка. Тој беше назначен на оваа функција пред два месеци по официјален налог и важеше за кадар близок до Демократската лига на Изет Меџити.

Неговата оставка доаѓа во време кога односите во полициските структури се соочуваат со големи предизвици и недостатокот на координација и понатаму е истакнат проблем. Засега нема официјална реакција од Управата на БЈБ или заменик министерот за ситуацијата.

Случајот се очекува да привлече големо внимание, покренувајќи прашања за функционирањето и внатрешната организација на безбедносните институции во земјата.

Извор: Порталикс

Пронајдете не на следниве мрежи: