Продавачка која со години работела во Chanel откри како секогаш знаела дека мажите им купуваат подароци на љубовниците.
Шенон Хил објави видео на TikTok во кое објасни како знаела дека маж кој купува подароци всушност ја изневерува својата сопруга.
Како продавачка таа имала многу средби со мажи кои купувале божикни подароци.
Таа го започна видеото велејќи: „Имам мала приказна за вас за тоа што мажите им купуваат на љубовниците“. Мажите најчесто купувале производи за нега на кожа, кармини и парфеми за своите сопруги, но некои се одлучувале и за дополнителен подарок.
„На жената ќе ѝ ги купеа омилениот парфем, сè убаво ќе спакувавме, а потоа ќе го купеа истиот парфем и за љубовницата, затоа што, погодете: ниту еден маж нема да го напушти домот на својата љубовница и да мириса на друга жена“, додава таа. Вели дека имало дури и еден мирис што најмногу го купувале мажите што изневеруваат.
„Речиси секогаш е истиот мирис. Тоа е парфемот Coco Mademoiselle. Chanel No 5 го купуваа за мајките, а за сопругите и љубовниците тие секогаш избираа Coco Mademoiselle“, откри таа.