четврток, 12 ноември 2026
Најново

Продолжуваат масовните протести во Абланија: Протести за Зврнец, свикан сенароден собир на 10 јуни во Тирана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Протестите во Албанија против најавениот развоен проект во областа Зврнец продолжуваат да се интензивираат. Синоќа, осма вечер по ред, граѓани се собраа пред зградата на Владата на булеварот „Дешморет е Комбит“ во Тирана, изразувајќи противење на големиот крајбрежен проект што се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите предупредуваат дека проектот може сериозно да ја загрози заштитената лагуна Зврнец–Нарта, подрачје познато по богатата биолошка разновидност и значајната еколошка вредност. Покрај еколошките барања, учесниците на протестот отворија и други општествени прашања, поврзани со здравството, образованието, земјоделството, пензиите и статусот на рударите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На крајот од собирот беше упатен повик за одржување сенароден протест на 10 јуни во Тирана, со цел да се зголеми притисокот врз властите за преиспитување на проектот.

Во меѓувреме, опозициската Демократска партија на Албанија соопшти дека ќе им се приклучи на протестите и ги повика своите структури во главниот град организирано да учествуваат на собирите.

На протестите реагираше и албанскиот премиер Еди Рама, кој ги оспори дел од пораките и слоганите што се користат од демонстрантите, истовремено бранејќи ги владините политики во областа на животната средина и заштитата на биодиверзитетот.

Рама особено ја критикуваше паролата „Албанија на Албанците“, оценувајќи ја како погрешна и исклучувачка. Тој ова го изјави за време на одбележувањето на 35-годишнината од Социјалистичка партија на Албанија во градот Елбасан.

Поврзани вести