Продолжуваат преговорите меѓу Украина и Русија

Преговорите меѓу Украина и Русија, според најавите, продолжуваат утре во Турција и ќе траат до среда.
Како што пренесуваат медиумите, преговорите ќе се одржат во Анкари, а за истите разговарале претседателите на Турција и Украина, Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски.

Турција се надева на мир, а Зеленски порачал дека Украина е подготвена да разговара за неутралност и ненуклеарен статус на земјата ако добие безбедносни гаранции.
Сепак, Зеленски додал дека нема да седне на преговарачка маса со Русија ако не се разговара за демилитаризација.

Пронајдете не на следниве мрежи: