Продолжуваат церемониите: Костадинов ги пречека во кабинет Заев и Ципрас

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов вечерва во неговиот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“, истакна Костадинов.

Тој разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.

„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата“, порача градоначалникот Костадинов.

Пронајдете не на следниве мрежи: