Денеска во Кривичен суд треба да продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Претходно, од страна на Обвинителството беа изведени видео записи од безбедносни камери. Обвинителство презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу за нивното движење низ Скопје на критичниот ден на 27 ноември 2023 година и неколку дена пред да биде грабнато девејчето.
Воедно, сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, кој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, неодамна сам се пријавил во полициска станица.
Истиот, според најавите на Обвинителството треба да биде обезбеден и да сведочи денеска.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.