Проектот „Култема” на Интернационалниот саем за туризам во Белград

Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг – „Култема” е проект од меѓународен карактер во кој Министерството за култура активно учествува заедно со уште девет земји од Југоисточна Европа.

Проектот има вкупно седумнаесет проектни партнери, а водечки партнер е регионот Венето од Италија. Во Република Македонија овој проект се спроведува на територијата на регионот Дебар-Река.
 На 22 и 23 февруари 2013 година во Белград, Република Србија, ќе се одржи состанок на Работната група за одржливост и транснационални договори на проектот, како и претставување на проектот „Култема” на Интернационалниот саем за туризам.
 Заедничкото претставување на партнерите на проектот ќе биде на штандот на Министерството за култура и информации на Република Србија кое, како ИПА-партнер, ги покани сите проектни партнери да го претстават својот регион кој е предмет на интерес.
 На Интернационалниот саем за туризам во Белград Министерството за култура ќе ги претстави културно-историското богатство и туристичките потенцијали на регионот Дебар-Река и ќе ги објасни улогата и активностите на Министерството како партнер во проектот „Култема”. На саемот ќе биде презентирана и брошурата за проектот „Култема” и регионот Дебар-Река со културно-историските споменици.
 „Култема” успешно се имплементира во Република Македонија од октомври 2011 година, а ќе трае до октомври оваа година. Проектот е поддржан од Советот на Европа, а е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од страна на Европската Унија. Стратегијата на проектот „Култема” е согледување и промовирање на културното наследство како фактор за економски развој, а главната цел е да се зголеми вниманието за атрактивноста и економскиот потенцијал за инвестирање во културното наследство.
 Идејата е тоа да се постигне преку зајакнување на институционалните капацитети во областа на културното наследство и да се спроведат иновативни модели на управување, соодветни за намалување на административните, општествените и економските бариери меѓу културното наследство и потенцијалните инвеститори.
Макфакс
Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг – „Култема” е проект од меѓународен карактер во кој Министе

Пронајдете не на следниве мрежи: