Пролетен детокс напиток од 4 состојки: Исчистете го организмот од наталожените токсини

И покрај пролетниот умор, имате желба да бидете физички активни и да направите нешто за своето здравје, а пред сè да ги исфрлите сите токсини и наслаги од калоричната храна која е вообичаена за зимскиот период.
Детоксикацијата или чистењето на организмот позитивно влијае на севкупното здравје на човекот, му помага на телото да се врати во природна рамнотежа, ја подигнува енергијата и го подобрува здравјето.
За таа цел, подгответе еден освежувачки пролетен детокс напиток.

Потребни состојки (за 1 литар):

  • 2 лимони
  • корен свеж ѓумбир со големина од 2 центиметри
  • 1 краставица
  • 10-тина листови свежо нане
  • 1 литар вода
    Начин на подготовка:
    Излупете ги ѓумбирот и краставицата и исечкајте ги на тенки парчиња, а лимонот на кришки и ставете ги во бокал или тегла.
    Прелијте со студена вода, додајте ги листовите свежо нане и оставете го бокалот во фрижидер најмалку 1 час.
    Детокс напитокот може да се консумира во текот на целиот ден.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.