Пролетна детокс-бомба од мечкин лук

Мечкиниот лук е чистач на организмот – растение кое расте во пролет и помага да се ослободите од сите токсини и отрови кои се насобрале во телото во текот на зимата. Исклучително е богат со витамин Ц, содржи алин, есенцијално масло, минерали, антиоксиданси.
Употребата на мечкин лук се препорачува за зајакнување на имунитетот, детоксикација, во борба против воспаленија, инјекции, за здраво срце, третман на чир на желудникот, за висок холестерол и притисок… Ако сакате лук, сигурно ќе ви се допадне вкусот на мечкиниот лук. Меѓутоа, ако не сте љубители на овој силен вкус, можете да го разредите мечкиниот лук така што ќе го додадете во храната или ќе ја прелиете салатата од мечкин лук со прелив од јогурт. Друго име за мечкиниот лук е див лук или дрво лук.

Уште еден совршен начин за чистење на телото со мечкин лук е да подготвите пијалак од ова растение и дополнителни хранливи состојки – еве го рецептот:
Потребни состојки:
неколку листови свеж мечкин лук
половина лажичка кокосово масло
1 банана
1 стебленце целер
половина зелено кисело јаболко
неколку гранчиња естрагон
1 лажичка чиа семе
сок од една цедена лимета
3 dl вода
Подготовка:
Мечкиниот лук набрзина пропржете го на кокосово масло за да добие сладок вкус. Излупете ја кората од јаболкото и ставете го во блендер. Мечкиниот лук и сите преостанати состојки додадете ги во блендерот, па сечкајте додека не добиете еднаква густина. Додадете течност по потреба, во зависност од тоа дали сакате сокот да биде тенок или густ. Истурете во чаша, посипете со малку чиа семе и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.