Пролетно уредувањето на зелените површини низ Скопје

Во рамките на програмата на Град Скопје за уредување и одржување на јавните зелени површини, екипи на Градот денови интензивно работат на уредување на  повеќе  зелени површини  низ градот.На булеварот  АСНОМ, односно на површина на 4.620 квадратни метри, екипите поставуваат  хидрантска мрежа во должина од 520 метри  и систем капка по капка.На булеварот Илинден, на потегот од раскрсницата на улица МАНАПО до раскрсницата со улица Љубљанска, се уредува страничното зеленило на површина од 1.500 квадратни метри  и  се поставува хидрантска мрежа од 220 метри  и прскалки.Во тек е и садењето на листопадни садници  на повеќе локации низ градот. Листопадни дрвца се садат во: Ботаничката градина во кругот на Зоолошката градина, во Градски парк, во  паркот Жена-Борец, на Плоштад Македонија, на булеварите  Видое Смилевски – Бато,  Војводина, Свети Климент Охридски, Илинден и Србија, на улиците  Братфордска, 2 Македонско-косовска бригада и Благоја Стефковски, како  и на јавна површина во населбата Маџари (Триангла).Се поставува и хидрантска мрежа на површина од 1.400 квадратни метри во кружниот тек што се гради на раскрсницата  на улица  Лазо Трповски со улица 2 Македонска бригада.На терен работат  екипите на ЈП „Паркови и зеленило.
МакфаксВо рамките на програмата на Град Скопје за уредување и одржување на јавните зелени површини, екипи на Градот денови ин

Пронајдете не на следниве мрежи: