четврток, 12 ноември 2026
Најново

Промена на цената на горивата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поминаа речиси две недели по последната промена на цените на горивата. Со последната промена добивме намалување за 3,35%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.


Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг.
Утре на пладне, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините, кои ќе важат по полноќ.
Останува да видиме дали нѐ чека поскапување.

Поврзани вести