Променливо време, на планините снег – Викендов нов влажен бран со пороен дожд и снег

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.