Променливо облачно време, со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време.
The post Променливо облачно време, со локален пороен дожд и грмежи appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: