четврток, 12 ноември 2026
Најново

Променливо облачно време со повремен дожд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. УВ индексот ќе изнесува шест.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Минималните температури ќе се движат од седум до 16, а максималните од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.

Поврзани вести