Променливо облачно и ветровито време, за викенд минусни температури

Во раните утрински часови, времето ќе биде променливо облачно и релативно студено. Во текот на денот наместа облачноста ќе се намалува, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер а во североисточниот дел од земјава ќе биде претежно тивко. Во доцните попладневни часови ќе има повторно зголемување на облачноста. Максималната температура ќе се движи од 2 до 7 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат под нулата, особено во недела. Од сабота по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во понеделник кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.