Променливо облачно и нестабилно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 20 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно.Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.