Променливо облачно и релативно топло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
– Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени, информираат од УХМР.
Од таму додаваат дека утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.