Променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд особено во западните и јужните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 20 до 34 степен. УВ индексот ќе изнесува осум.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 31 степени.
Во среда и во четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.