четврток, 12 ноември 2026
Најново

Променливо облачно со температура до 15 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денес ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд во северните делови на земјава. По одделни котлини ќе има појава магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за краткотраен слаб дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со услови за снег на планините.

Поврзани вести