Промовиран романот „2248“ на Емилија Златкова Анастасова






Во медиотеката на  Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промовиран 11-от  роман на велешката и македонска писателка Емилија Златкова Анастасова. И покрај тоа што е дел од серијалот за детективката Силјановска и свештеникот Михаил, романот „2248“, претставува своевиден независен дел, авторката за МИА информира дека покрај мајката, главен лик е Ангел, дете со аутизам и целта и е преку овој роман да покаже на проблемите  со кои соочуваат децата со аутизам и нивните семејства.
-За разлика од мојата книга „Детето во снегот“,но во книга ги истакнува и јаките страни на децата со аутизам.Воедно оваа книга е поддршка на децата со аутизам и нивните семејства, порача Златкова Анастасова.
Промоторката Десанка Николова  појасни дека авторката овој роман им го посветува на сите мајки, како осмомартовски подарок.
-Златкова Анастасова ни нуди роман со длабоки актуелни значења во кои се преплетуваат лични приказни проследени со филозофски,религиозни и други општествени пристапи и сето тоа совршен го вклопува автентично и својствено за нејзината оригиналност, појасни Николова.
Таа појаснува дека за наслов на романот авторката избира нумеролошка шифра,математички код,логична игра,која всушност е причинско-последична нишка околу која се плете заплетот на нарацијата.
-Пред нас имаме прекрасен психолошки трилер.Брилијантен и остроумен крими роман.Станува збор за сочна,повеќеслојна приказна која истовремено актуелизира неколку прашања:самохраното родителство,децата со аутизам и грешките во системот на вредностите на општеството.Наметнува осетливи,длабоки теми продирајќи низ повеќе социо-психолошки,но и патолошки аспекти на општеството,појасни Николова.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: