Промоција на извозните планови за извоз на свежо овошје и зеленчук

Стратегиските маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук, ќе бидат промовирани во понеделник.

Маркетинг плановите се изработени од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, АгБиз програмата на УСАИД и Владината холандска агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој) во соработка со компанијата Македонија Експорт.
Во текот на 2012 година и почетокот на 2013 овие институции спроведоа пет работилници за развој на маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук.
Во процесот на изработка на овие документи директно учествуваа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија на Република Македонија, како и други релевантни институции, претставници на стопанските комори и извозно ориентираните компании од двата подсектори.
Како што велат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, главниот резултат на овој процес претставува дефинирањето на пет пазари со најголем извозен потенцијал за македонските производители, проследено со дополнителна детална анализа и утврдување на можности за дефинираните целни пазари.
Заклучоците од овие маркетинг планови се планира да бидат интегрирани во Годишната програма за работа на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во делот на поддршка на промоција на извозот.
Макфакс
Стратегиските маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и з

Пронајдете не на следниве мрежи: