Промоција на новата книга на новинарката Милева Лазова

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерта во 18.30 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“, дело на Милева Лазова. Книгата ќе ја претстават Валентина Георгиевска Парго и Лилјана Стоилковска, додека модератор на настанот ќе биде Оливера Јовановски. Музичкиот дел од вечерта ќе биде збогатен со настапот на обаистот Васил Атанасов, ударните ритми на Влатко Митев, инструменталистот и пејач Сашко Митев и членови на Едукативното здружение „Седум осмини“.
The post Промоција на новата книга на новинарката Милева Лазова appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: